Поранешниот началник на Секторот за борба против организиран криминал и корупција во МВР Лазе Велковски, кој во мај експресно беше пензиониран откако наврши 40 години работен стаж, без законската можност да го продолжи работниот стаж како другите полицајци уште 5 години, од утрово влезе во тимот истражители на Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Русковска за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Велковски е ангажиран првично на три месеци, со договор на дело.

Велковски е земен со договор на дело да помогне во формирањето на истражниот центар во одделот за гонење лица со полициски овластувања. Утринава го потпишавме договорот- вели шефицата на организиран криминал.

Велковски како началник во МВР за организиран криминал, пред ненадејното пензионирање во мај од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, беше ангажиран во ОЈО за организиран криминал со наредба на шефицата Вилма Русковска.

Повеќе на линкот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.