Професорот д-р Илија Ацески на Фејсбук напиша дека на последниот работен ден, пред да замине во пензија, тој бил исфрлен како криминалец од својот кабинет на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Ацески претходно зборуваше за тоа дека корупција веќе подолг период е примарен преоритет на УКИМ, додека квалитетното образование е ставено во втор план. Тој преку свои анализи, статуси на Фејсбук постојано алармира и предупредува дека на УКИМ во Скопје во последните 15-тина години е воспоставен неодговорен систем, раководствата се врзани за други работи, а не за главното што треба да го работат, нема квалитетно студирање, според него важна е корупцијата.

Професорот по Социологија на Филозофскиот факултет, кој во вторникот замина во пензија го промовира прирачникот „ Чудесии на УКИМ“, најави превадање за Марфиевите правила за студентско самопронаоѓање во културата на корупција, исто така рече и дека ќе се фотографира пред споменикот на „ Свети Кирил и Методиј “, со свиркачи кои му помогнале да ја открие корупцијата во високото образование. Причината е како што вели Ацески, да алармира дека неквалитетното образование ја руши државата.Тој истакна дека целиот процес го прави со една цел, да изврши притисок до одговорните да започнат реформи на УКИМ за се приближи до првите 500 најдобри факултети во светот според Шангајската листа.

Неговиот аларм сепак не допре на вистински начин до раководството на УКИМ, па Ацески на последниот работен ден беше исфрлен од својот кабинет.

Tоа што ме исфрлија како криминалец од кабинет на последниот работен ден не ме чуди, тоа е очекувано во систем на култура на корупција.Ме чуди коментарот на деканот ,дека најпосле мирно ќе спие“, пишува Ацески.

Од Ректоратот на УКИМ не ги коментираат објавите на професор Ацески и посочуваат дека во наредниот период ќе се воведува правилник со што студентите и професорите ќе може да пријавуваат корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.