Предлозите на премиерот Заев за нови министри и заменици кои ќе влезат во владиниот кабинет и во дел од министерствата, стигнале до Собранието. Според процедурата, кога собраниските служби ќе ги архивираат, тие треба да бидат ставени на дневен ред на собраниска седница за гласање.

Како што вчера беше соопштено, Заев ја предложува Нина Ангеловска, едно од сопствениците на Групер, за нова министерка за финансии. На позицијата заменик-министер за образование е предложена Елизабета Наумовска, професорка по физика, а на позицијата заменик-министер за економија Кире Колемишевски, дипломиран на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Правниот факултет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.