Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека со нон-пејперот на Франција, патот до членство во Европската унија станува уште подолг. Според него, со нон-пејперот се покажува дека премиерот во заминување Зоран Заев ја извртувал вистината за тоа до каде се домашните реформи.

Очигледно е дека нашите партнери од Европската Унија констатирале дека постојат двојни стандарди во сите овие земји-аспиранти кои сакаат да станат членки на Европската Унија, па велат – доколку отворите една група на поглавја, еве јас така би ги групирал, вие кога ќе ги затворите ќе треба да генерирате и понатаму вредности за тоа што сте ги затвориле. Доколку тие видат дека само формално ги затворате, а всушност не се придржувате на тоа што е договорено постои можност повторно да се навратите на таа група поглавја и тоа може да прерасне во една приказна којашто ќе нема крај…, рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.