Во понеделник, според најавите, треба да биде предаден текстот од Predlog- Закон за државјанство по предлог на Алијансата и Алтернатива. Се најавуваа и многу сомнителни измени, па и до таму македонско државјанство да се добива и со тројца сведоци.

Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Елми Азири на прес-конференција во Собранието.

Азири изјави дека во текот на следната недела е можно да се одржи средба на претседателите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.

Нашиот дел е завршен, да го видиме нивниот одговор и верувам дека во најкраток можен период ќе се процесуира во Парламентот. Ние имаме разговарано со премиерот Зоран Заев а на првата средба присуствуваше и претседателот на пратеничката група на СДСМ и верурам дека не е многу важно на кого ќе му го доставиме предлогот, бидејќи на крајот на краиштата и премиерот Заев ја претставува Владата, мнозинството, но и парламентарните групи.Најважно е ние нашиот завршен дел од работата да го доставиме до страната со која сме преговарале. Во понеделник ќе до доставиме предлогот што го составивме и во најкраток можен период очекуваме одговор и да го процесуираме понатаму, рече Азири.

Премиерот Зоран Заев  вели дека не го видел Предлог-законот за државајнство. Како што изјави денеска, законот најпрво треба да биде доставен до МВР, а потоа и до него и неговиот Кабинет.

Го немам видено, целта беше да го предложат до МВР за експертите прво да го видат. Штом тие ќе го оформат својот став, ќе го дадат до мене и до мојот кабинет на разгледување, изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.