По изгласувањето на уставните промени власта и двотретинското мнозинство прославува во Собранието на Република Македонија. Пратениците на владејачката коалиција објавуваат фотографии од Кабинетот на претседателот на Собранието, но и од фоајето и другите собраниски простории каде што прославуваат за поразот на националното достоинство, угнетувањето на националните чувства, промената на името, идентитетот, културата и историјата на Република Македонија.

(фото: Фејсбук)

Претходно, Драган Угриновски од Единствена Македонија тврдеше дека на пратениците им се нудат по 3 милиони евра за да гласаат за уставните измени.

Знаеме дека нуделе огромни суми. Ова е срамно. Нека се свестат, да не прифаќаат оти парите се трошат, достоинството и образот не“, рече Угриновски од протестот против уставните измени пред Собранието.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.