Меѓународното здружение за човекови парава кое, како што велат се бори против селектвна правда во земјава, денеска протестираше пред Основниот суд во Кичево за поддршка на кичеецот Шекерим Ахмети познат како Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ.

Граѓаните кои протестираа носеа транспаренти на кои пишуваше ,,Криминалци”, „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал“. На протестот свое учество најави и огранокот на Движењето „Беса” во Кичево, кои јавно ги повикаа нивните членови и симпатизери да се приклучат на денешниот протест.

Судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.