Нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ. Ги слушав овие дебати ајде да влеземе во Европската економска зона, ние сме во ЕЕЗ, имаме еден отсто царина со ЕУ. Ние тргуваме како земји членки со ЕУ, ги немаме фондовите,сето тоа што ни следува кога ги отвораме поглавјата, oбјаснува премиерот Заев во интервју за МИА.

Новата методологија вели заокружување на секој кластер на поглавја значи пристап до токму тие фондови, ако е економија до економските, ако е здравство, до здравствените, ако е екологија до еколошките, тоа го немаме, тоа се поглавјата што треба да ги совладуваме за да ги добиеме тие фондови, друго нема нешто што можеме да направиме додека нешто чекаме, не. Тоа е патот кон ЕУ и на крајот знаете дека самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Македонија. Ние не сакаме да бидеме членки само заради членството во ЕУ, ние сакаме да бидеме членка заради европеизацијата на С Македонија која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата, каде ќе ја дигнеме нашата продуктивност, каде владеењето на правото ќе биде неприкосновено како во најдобрите земји на ЕУ, каде ќе има европско здравство, образование, европски начин на живот. Тоа е тоа, да ја донесеме Европа во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.