Бугарија сама на себе си прави поголема штета со притисоците врз Македонија, бидејќи колку повеќе негаторски се поставува кон Македонците, толку повеќе Македонците го зацврстуваат својот идентитет во однос на бугарските скриени намери.

Историчарот Ѓорѓи Чакарјаневски во интервју за Локално посочува дека не може на пописот во нашата држава да има според произволнте проценки на Бугарија 120.000 Бугари, одосно бугарските власти да ги бројат како „свои“ Македонците што  извадиле бугарски пасоши. Тој вели дека како  историчар – анкетар и во минатото и сега собира изјави од Македонци и дека јавноста треба да знае дека нашите граѓани кои земаат бугарски пасоши, пред да им биде издаден бугарскиот пасош во Бугарија, одат кај нотар во Македонија и таму заверуваат изјава во која пишува:

„Јас……. од татко Македонец……. и мајка Македонка……, по националност сум Македонец. Ја давам оваа изјава бидејќи во скоро време сакам да извадам бугарски пасош кој ми треба за лични потреби, затоа што како шофер треба да возам камион низ ЕУ. Бидејќи сум Македонец, сакам да посведочам пред сегашните и идни генерации, мои наследници, дека по националност сум Македонец и дека бугарскиот пасош го вадам исклучиво само заради лични потреби“.

-Вакви изјави имам собрано од многу нашинци кои поради различни причини биле приморани да го извадат бугарскиот пасош, но најмногу од шофери бидејќи тие возат надвор од Македонија низ европските земји и таквиот пасош им треба исклучиво заради егзистенцијална природа, а не поради некакви бугарски чувства, вели Чакарјаневски.


Извор: Локално

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.