Од општина Тетово тврдат дека тие немале никаква одговорност во оперативната фаза на градбата на модуларната болница која изгоре на 8-ми септември при што починаа 14 луѓе.

Општинските власти тврдат дека за модуларните согласно донесениот закон овластувањата за надзор биле во Министерството за здравство и во Државниот градежен инспекторат. Од информациите и достапните документи кои до овој момент ги има, се заклучува дека еден од проблемите е што во документите како  надзор по завршување на изградбата на модуларните болници НЕМА потпишано инженер.

Согласно договореното, по реализацијата на проектот, односно завршувањето на модуларните болници, во документот требало да биде впишано и името на инженерот кој извршил надзор над завршената работа, пренесе Телма.

Таа графа останала празна во сите модуларни болници. Државата за овој проект зема кредит од Светска банка и за 3,8 милиони евра иозгради 17 модуларни болници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.