Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус донесени од Владата на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика ги известува лицата кои имаат или ќе поднесат ново барање за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост дека Комисиите за издавање на конзилијарни мислења ќе даваат конзилијарно мислење со наод, само врз основа на медицинска документација без непосреден преглед на странките. (Член 10 став 2 од Правилникот за начинот за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице и член 46 став 4 од Законот за социјална заштита).

Членовите на семејствата ќе имаат обврска да ја доставуваат потребната документација на закажаниот термин во надлежната комисија која е пропишана за наведените права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.