Министерката Дескоска ја партизира комисијата за правосуден испит со членови лично блиски до Заев, нејзини пријатели и активисти на СДСМ, обвини денеска пратеникот Антонио Милошоски, кој наведувајќи ги сите членови од комисијата посебно додава дека со ваков состав, полагањето на правосудниот испит отсега повеќе ќе зависи од субјективната проценка на членовите на комисијата дали кандидатот бил или е активен поддржувач на партијата на Заев и на министерката Дескоска, отколку од познавањето на правосудните норми, кои добар дел од членовите на комисијата и самите не ги почитувале.

1. Конфликтот на интереси со членовите и замениците на оваа комисија започнува со назначувањето на Антоанела Димовска, сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева, која секој втор ден по телевизии ги брани потезите на СДСМ во правосудството.

 

2. Следен член кој ќе цени кој колку е спремен да положи правосуден испит е Љубомир Јовески, јавниот обвинител кој се поставува како адвокат на владините функционери. Последниот скандал на Јовески е прекршувањето на императивната норма од Законот за ЈО (чл.60), кога наместо да ја оддалечи од работното место притворената обвинителка и рекетар Катица Јанева, тој од истата превземал наредби и задачи, преку тајните писма кои сеуште ги крие од јавноста.

 

3. Комисијата за правосуден испит не би била по мерка на СДСМ доколку во истата не е именувана и судијката Тања Милева (сопруга на членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев). За потсетување, Тања Милева во 2017та беше избрана за член на скопска Апелација спротивно на чл.46 од Законот за судови, односно пред неа и по стаж и по бодови подобро рангирани беа судиите Нанев, Груевска-Илиевска и Најдова.., но семејната и партиска блискост на Милеви со Заеви беше побитна од законските норми и препораките на Прибе.

 

4. Во комисијата членува е уште еден пријател на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наќе Георгиев, струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица. Неговиот син Кирил Георгиев, од страна на владата на Заев е вработен во Министерството за транспорт, а се споменува и како еден од тие на кои им е гарантирано место во Академијата за судии и јавни обвинители.

 

5. Дел од комисијата за правосуден е и Александар Чичаковски, поранешен активист на СДСМ, близок до министерката Дескоска, поранешен претседател на ДИК, а од неодамна награден и со избор за судија во Управниот суд.

 

6. Занимливо е именувањето и на адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво се чини дека е повластено од СДСМ, па наплатило околу 17.000.000 денари од владата, и се појави на првите четири места лани на листата со највискоа суми на пари исплатени од мин.финансии, исто така исплати добило и од државните институции Македонски народен театар, Економски факултет, Национална галерија и други.

 

8. Член на комисијата е и Исмета Амет, според пишувањата во медиумите таа е судијката која што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, а нејзината ќерка беше активен член и на шарената “револуција”. Освен во комисијата за правосуден, судијката Исмета Амет како награда за ангажманот во полза на СДСМ, од октомври 2019 година е избрана и за Претседател на Вишиот Управен суд, објави Милошоски.

Според Милошоски, со ваков состав, полагањето на правосудниот испит отсега повеќе ќе зависи од субјективната проценка на членовите на комисијата дали кандидатот бил или е активен поддржувач на партијата на Заев и на министерката Дескоска, отколку од познавањето на правосудните норми, кои добар дел од членовите на комисијата и самите не ги почитувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.