Во врска со Уредбата која ја донесе Владата на 2 април, а со која во услови на вонредна состојба и економска криза во државава се обезбедуваат дополнителни средства за СЈО, со реакција излегоа од Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е само една од класичните злоупотреби на овластувањата добиени во врска со вонредната состојба од страна на техничката Влада предводена од СДСМ, а со цел да се вдомат, обезбедат и згрижат нивните истомисленици, поточно исто-корисници и да си ги довршат сите незавршени матни бизниси, зделки, вработувања на своите партиски кадри и други активности неопходни за поткуп, рекет и други малверзации, а кои се на товар на македонските граѓани, се вели во реакцијата.

Техничката Влада предводена од СДСМ, со носењето на оваа Уредба ги пречекорува своите овластувања и надлежности, како што стои во реакцијата, и се впушта во редефинирање на македонскиот правен систем, смислено го крши Уставот и создава правна несигурност!

Оваа Уредба не само што е во спротивност правниот систем на Македонија и е казнива, истовремено истата ги гази и обезвреднува основните морални постулати и принципи кога една нација се наоѓа во вака кризна состојба како што е денешната. За жал со ваквата Уредба директно се покажува дека гавазите на СДСМ се поважни од народот. Поважни се од медицинската опрема и животите кои можат да се спасат, поважни се од економската криза и опстанокот на Македонецот во овие тешки времиња. Ваквиот феудален однос кон сопствениот народ не значи ,,Правда за сите”!

А, ,,ПРАВДА ЗА СИТЕ” ќе има! И одговорност ќе има за сите подеднакво, а по готово за оние кои во овие тешки времиња профитираат на маката на Македонецот! – се вели во реакцијата на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.