Граѓаните веќе втор ден ги коментираат мерките кои Филипче и Комисијата за заразни болести ги донесе на сила, односно да се затворат угостителските објекти во 18ч. Ваквата мерка, не само што на никаков начин не влијае на намалувањето на новозаразени, туку само ги доведува до раб на колапс угоститетлите, а обичните граѓани ги стимулира да ги прават предновогодишните седенки преку ден, со што само ќе се зголеми бројот на посетители во угостителските објекти, што е нон сенс.

Сведоци сме дека од првиот сет на мерки кои што беше донесен пред неколку месеци, па се до овој вториот кој веќе се употребува неколку месеци, не сме добиле ништо во однос на поразителните бројки како резултат на пандемијата. Бројките и понатаму вртоглаво растат, бројот на починати за жал се зголемува, а Владата и понатака нема начин како да се справи со пандемијата и донесува популистички мерки, само за да се прикажат дека нешто се работи.

Граѓаните велат дека не е во ред да се удира само по една категорија на работници, затоа што очигледно е дека жариштето на вирусот не е само таму, туку насекаде околу нас. За таа цел, комсијата и Венко Филипче мора да направат длабинска анализа и да се лоцира жариштето на проблемот, за потоа да може да се делува и да се видат резултати.

Според досегашното работење на Комисијата за заразни болести и министерот Филипче, можеме да заклучиме дека пандемијата зема замав, а граѓаните се оставени сами на себе и својата свест. Институциите се со кренати раце и апсолутно на никаков начин не помагаат во борбата со Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.