Владата односно министерката за правда Рената Десковска доживуваше тешки моменти на дебатата за законот за Јавно Обвинителство во Собранието на која најгласни беа нејзините колеги од Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први.

Освен професорката Гордана Силјановска Давкова во дебатата сериозни аргументи против предлозите на Десковска изложија и Гордан Калајџиев и Тања Каракамишева.

Инаку, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по започнувањето на денешната јавна расправа за законот за јавно обвинителство на седница на собраниската Комисија за политички систем истакнаа транспарент на галеријата на кој пишува „Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (чл.60, законот за ЈО)“.

Транспарентот беше истакнат за време на обраќањето на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на јавната расправа.

Инаку, Јовески важи за исклучително близок до власта на СДСМ. Како доказ за неговата блискост со актуелната власт многумина ја посочуваат средбата помеѓу Филип Медарски, адвокатот на премиерот Зоран Заев и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на бензинска пумпа во скопски Карпош на која според информации на порталот Инфомакс, на Јовевски му биле дадени насоки од Заев како да постапува откако ќе ги добие сите предмети од СЈО. Според нив станува збор за шест главни задачи кои Јовески мора да ги реализира со цел Заев да се врати „во форма“ на политичката сцена.

За возврат, Јовески од Владата и од Заев би добил:

– зголемен буџет,

– нови обвинители и истражители,

– медиумска поткрепа за сите дејствија.

Токму две од трите точки Јовевски ги добива со новиот закон за Јавно обинителство кој денес го бранеше во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.