Државниот обвинител Љубомир Јовески продолжениот викенд го искористил да го фати последното грчко сонце, но и да ги фати сезонските попусти и да испазари, да се приоблече.

До редакцијата на „Лидер“ пристигнале две снимки од неговиот шопинг, кој аматерски се направени од граѓанин кој се затекнал во истиот објект. На снимките се забележува како првиот човек на ОЈО си одбира фармерки во објектот Космос во Солун, а стручен консултант во изборот му е Катерина Цаневска, која во моментов е вработена во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Катерина Цаневска-Арсовска – амбициозна новинарка

Поранешната новинарка од МРТВ добро ѝ е позната на јавноста. Откако го напушти јавниот сервис, Цаневска работеше во А1 на Велија Рамковски, па во фирмата „Фине“ на Фијат Цаноски, и како помошник раководител на Сектор за поддршка на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, а остана во општината како претседател на синдикалната организација и откако на нејзино чело дојде Саша Богдановиќ, па се до формирањето на Кабинетот на Пендаровски.

Цаневска е поддржувач и активен учесник во Шарената револуција, но и во креирањето на политиките на актуелната власт.

Зад себе има и афера.

 

Претходно и Александар Пандов објави фотографиja на Фејсбук со коментар од стихови од песна, кои алудираат на љубовна врска меѓу постар маж и помлада жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.