Денеска како сведок за случувањата од „27 април“ се појави пратеникот на СДСМ Диме Велковски.Тој е поранешен и актуелен пратеник во Собранието и рече дека добро ги познава процедурите.

Но, кога адвокатот Еленко Миланов почна да го прашува за тоа што се случуваше тој ден, Велковски одеднаш одговараше збунето и оти не ги разбира прашањата.

Па така, Велковски не можеше да се сети дали седницата на 27 април требало да продолжи следниот ден, ниту пак дали се потпишал самиот тој.

-Многу работи се потпишуваа, не се сеќавам.

Велковски не го разбра ниту прашањето во кој период од денот на 27 април дознал дека седницата треба да продолжи спедниот ден.

Не ви го разбирам прашањето- рече пратеникот.

Велковски е брат на директорот на средното училиште во Кавадарци кој доби европски пари од Лидија Димова да тренира магариња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.