Со задоцнување од најавениот термин Собранието ја почна 43. седница. Пратениците денеска се вратија во салата „Македонија“ по неколкумесечна работа во Големата сала (купола).

Пленарните седници ќе се одржуваат според протокол одобрен од Комисијата за заразни болести. Сега повторно ќе има можност за електронско гласање наместо гласовите да се бројат рачно.

Протоколот прецизира насоки и за следење на седниците од акредитираните новинари во однос на дозволен број седишта и задолжително растојание. Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за претставници на медиумите кои ќе приложат доказ дека се целосно имунизирани против Ковид-19. Прес-конференциите и изјавите за медиуми ќе се одржуваат во Кристална сала.

На дневен ред на 43-тата седница се 55 точки, меѓу кои назначување членови на институции, закони по скратена постапка и во прво и второ читање, две интерпелации, ратификации на договори…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.