Пратеникот од ДУИ Артан Груби, кој не беше присутен од почетокот на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, побара пауза за да може да ги разгледа стенограмските забелешки од говорот на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој претходно зборуваше околу еден час.

На ова барање, претседателот на комисијата Антонио Милошоски обвини дека барањето за пауза е смислена тактика на СДСМ и ДУИ за да нема отчет од страна на министерот и медиумите да заминат.

СДСМ и ДУИ не сакаат да бидат поставени вистинските прашања, туку да има аплаузи за министерот, рече Милошоски.

По расправијата помеѓу пратениците, Милошоски одлучи дека, сепак, нема да даде пауза и седницата продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.