Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со членови на партијата денеска присуствуваа и го подржаа протестот за поддршка на жртвите на групата „Јавна соба“ на Телеграм. Имено протестот беше организиран од страна на граѓански здруженија за поддршка на жртвите од групата Телеграм.

Протестот започна од пред Министерството за внатрешни работи па се до Јавно обвинителство. Од протестот можеше да се види дека голем број на граѓани го поддржаа овој протест и побараа одговорност со цел никогаш во иднина да на се повтори на ваква група и создавање на нови жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.