На денешната собраниска седница на која се разгледува информацијата и преговарачката рамка за асимилација и бугаризација на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да го слуша говорот на Димитар Ковачевски, преку кој повторно се обидува да изнесе лаги и манипулации пред македонскиот народ, истиот го поздрави со свирежи.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Ковачевски му ги покажаа и пораките од народот:

Ултиматум не благодарам

Да за ЕУ, не за асимилација

Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот

Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна

Ние сме Македонци ,не бугари

Нема иднина без историја

Македонија не е на продажба

СДСМ предавници на народот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на говорот на Ковачевски извикуваа: ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.