Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го запрашаа шефот на дипломатијата Бујар Османи дали кај него во кабинет да дојдат поединечно или групно. Ова следува откако Османи ги повика пратениците кои сакаат да ја видат содржината на пакетот 5 +1 да дојдат во МНР.

Пратеничката Ане Лашкоска беше најдиректна кон Османи.

Ова е понижувачки однос кон пратениците. Вие го прескокнувате најважниот филтер, а тоа е Собранието – му реплицираше пратеничката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.