Група пратеници, меѓу кои и дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, бараат пратеничките бенефиции да им важат и по истекот на мандатот. Посакуваат кога ќе престанат да бидат пратеници, да ги чека работно место во државна служба.
Во 2005 година беше изгласан Закон кој овозможуваше пратениците да се пензионираат со 25 години стаж и 55 години возраст, а пратеничките, со 25 години стаж и 53 години возраст. Законот требаше да важи за сите поранешни народни избраници почнувајќи од првиот парламентарен состав. Но, поради елементите нееднаквост и ретроактивност, шест месеци подоцна, Уставниот суд ги укина спорните членови. Сега, доколку Владата прифати, ова би било уште еден обид да се воведе специјален, бенифициран статус на пратениците.
Извор: Телма.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.