Во македонското Собрание како и секој последен четврток во месецот, така и овој, има седница на пратенички прашања.

Денешната седница започна со едноминутен молк за жртвите во страотниот земјотрес во Албанија, со 6.4 степени по Рихтер, кој беше почувствуван и на македонско тло.

Бројот на лица кои загинаа од силниот земјотрес во Албанија се зголеми на 40, соопшти министерството за одбрана на Албанија.

Повредени се 650 лица, а има и материјални штети.

Градот Скопје веќе испрати екипи, пожарникарите со денови се обидуваат да помогнат за расчистување, и да најдат лица под урнатините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.