Неискуснатаа пратеничка на СДСМ од Македонски Брод Анета Симеска – Димоска, сакајќи или не сакајќи, уште помалку смеејќи, призна дека третиот предлог-закон за антикорупциска комисија не е иницијатива на група пратеници на СДСМ, како што било договорено да изгледа, ами закон спакуван и подметнат од Владата. Со ова, Симеска – Димоска ги разотрки лагите од предизборните ветувања на Шекеринска за независност на собранието.

По сегашниот Закон за антикорупциска комисија Владата распиша оглас за избор на членови на комисијата. Потоа, откако следуваа критики дека на власта не ѝ се брза со функционалноста на оваа комисија, Владата до Собранието поднесе нов предлог-закон. Истиот беше поднесен во редовна процедура, а самото каснење на Владата значеше дека овој закон нема да помине во јануари, а со тоа нема ниту да има антикорупциска комисија за време на претседателските избори во 2019 година.

Неколку амбасадори на ЕУ му ја пренеле својата загриженост на премиерот Заев за ваквата лежерност во борбата против корупцијата и рекле дека не се сигурни дека Македонија ќе добие датум за преговори, доколку се продолжи неефикасно. Тогаш власта се сетила како може да го реши проблемот, па Заев, Дескоска и Османи решиле да го известат Собранието дека го повлекуваат предложениот закон за антикорупциска комисија, а им дале налог на пратениците да поднесат нов закон по скратена постапка, за да се усвои набрзина, пред Нова година. За доброволци дека ќе подготват нов закон за антикорупција се јавиле пратениците од СДСМ, Анета Симеска Димоска, Сашко Костов, Јагода Шахпаска и Снежана Калеска Ванчева, како и Артан Груби од ДУИ.

Честа да го промовира новиот предлог-закон за антикорупциска комисија пред пратениците ѝ припадна на неискусната и збунета пратеничка Анета Симеска-Димоска, која од најверојатно напишан говор им објасни на пратениците дека „законот за корупција беше изготвен во еден инклузивен процес во Министерството за правда“, а бидејќи роковите пред изборите се кратки, го предлагаат по скратена постапка.

Појасно признание од ова дека предлог-законите потпишани од пратениците на СДСМ и ДУИ им ги пишуваат во владата, не можеше да се добие.

Пред изборите во 2016 година, Шеќеринска одржа прес-конференција токму пред Собранието и кажа дека СДСМ како власт ќе гарантира поголема одговорност на пратениците и ќе се спречи претворање на Собранието во гласачка машина за потребите на власта.

Имаме план во којшто јасно стои дека скратените процедури за носење на закони во Собранието се лоши процедури. Затоа ќе ја ограничиме
употребата на оваа скратена постапка, и ќе ја направиме исклучок наместо правило. Сметаме дека само со вакви мерки ќе можеме да ја вратиме, силата, значењето и довербата во Собранието на Република Македонија. Само на таков начин ќе имаме силно Собрание кое ќе биде во состојба да ја контролира извршната власт -рече во таа прилика Шеќеринска, а сега токму нејзината сопартијка ги деманираше овие наводи.

Со својот краток говор Симеска-Димоска, го потврди токму спротивното, дека пратениците на власта се гласачка машинерија, без свој интегритет, но за малку лични придобивки се расположени да гласаат и да читаат се што ќе им сервира владата и министерствата, а дека предизборните ветувања на Шеќеринска биле само празни зборови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.