Не заминуваат само семејствата со мали деца од тука. Туку со нив одат и пензионираните родители на брачните другари. Им ги чуваат децата додека овие рмбаат, зашто градинките се скапи во ЕУ и САД. Па се менуваат на четири месеци, пишува актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил.

Прво одат родителите на невестата, па после оние на зетот. А бе ни пензионери нема да останат овде. Нема со кого шах и табла да поиграш пред зграда. Прашувам каде е дедо Миле од втори кат? Кај синот во Флорида, да го чува внукот. Добро, а дедо Божо, исто не го гледам, да не умре? Не бе, во Стокхолм е кај ќерката и зетот, им ги чува децата. Баба Донка ја барам, со неа играв домино, ми рекоа отишла кај синот во Минхен, пишива Тасевски во својот статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.