Невреме проследено со силен ветер, дожд, град и грмотевици денеска зафати поголем дел од Македонија. Според метеоролозите, се работи за африкански ветер, кој ќе донесе доста топло време, но и многу прав.

На Битола не ѝ требаше сахарската прашина, си имаат своја. Битолската прашина се вика „Климент Охридски“, се наоѓа во центарот на градот и е една од главните сообраќајници.

Арно ама, не изгледа како таква. Дупки, чакал, прашина, една улица од нецел половина километар, околу две години го прави животот на битолчани невозможен.

Ветрот денеска, пак, ги разбрка и оние малку туристи што доаѓаат во градот.

Иако во септември 2018, од општината конечно решија да ја средат и асфалтираат улицата, и најавија дека тоа ќе биде готово до крајот на есента, и летото е пред прагот, главните луѓе на градот тераат бирократија и инает и држат лекции дека изведувачите морале да ги запазуваат роковите, а тие како општина се немоќни.

И додека луѓето си голтаат прашина, ги кршат своите автомобили и се поретко се враќаат во градот кој умира, градоначалничката Наташа Петровска има нешто битно да им соопшти и апелира.

(фото: принтскрин Офф.нет)

Oна што граѓаните на Битола, пак, ѝ го порачаа неа, најдобро се покажа во првиот круг од претседателските избори.

Ако на оваа улица ѝ требаат скоро две години за да биде реконструирана, на СДСМ во Битола им успеа во истото тоа време да си ги преполови гласовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.