По последните скандалозни изјави на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која објаснувајќи го спорот со Македонија порача дека не може државата од една страна да сака да влезе во ЕУ, а истовремено да го слави, како што рече, еден од најмрачните диктатори – Тито, јавноста бурно реагира.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од југословенскиот лидер, почитта што тој ја покажал кон Македонија, работите што ги создал. Се споделуваат и приказни за „две червени“, богатствата давани за еден пар „левис“, молбите за кило праски…

За самопрогласената челична дама и „Република“ има едно прашање: Има ли вакви фотографии Цар Борис?

Го посетил ли тој вечното почивалиште на „бугарскиот револуционер“ Гоце Делчев? Се поклонил ли пред гробот на „бугарскиот борец“?

Заев слободно нека се поклонува со другарот Бојко пред бугарските споменици на македонсиот Гоце Делчев, Каракачанов нека постави уште толку бисти од Делчев низ Бугарија. Македонскиот народ памти и ја знае својата историја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.