Уредникот на потралот Инфомакс, Александар Митовски пореку свој Фејсбук статус постави прашање со кое ја заинтригира јавноста, односно Митовски прашува: Кој го кpиe записникот клучен во истpaгата за „Peкет“ и „Peкет 2“?

Кој го крие записникот?

Има еден записник, кој уште пред година дена е составен во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Тој записник е клучен во истрагата за “Рекет” и “Рекет 2”.

Во овој записник се зборува за лицата кои директно се вклучени во рекетарските шеми – и за Дијамед и за рекетираните бизнисмени.

Човекот што го дал исказот, од осомничен станува сведок.

Е сега, да прашам. Дали овој записник го има составено обвинителот Наум Паноски? Каде е записникот и зошто не е земен во предвид при постапување по овие предмети? Чија вмешаност се прикрива?

Да не мислите дека ако народот не знае, сте завршиле работа. Има и такви кои знаат што правите, пишува, Митовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.