Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција му постави прашања на премиерот  Зоран Заев, на кои, според опозициоскиот лидер, Заев е должен да одговори:

– Какви докази крие семејството на еден од осомничените, а кој говорат во некои од медиумите од соседството за криминал на власта и Зоран Заев?
– Кој се е вклучен во таа белградска врска на мешетари собрани и платени со македонски државни пари?

– Каде завршува куфер политиката и кои се луѓето што на крајот од денот се офајдиле со сумите кои што се резултат на куфер политиката

– На што се должи заладувањето на реториката кон Катица Јанева и Бојан Јовановски со кого чести средби имал и Зоран Заев?

– На што тоа се мисли кога еден од осомничените ќе каже дека Зоран Заев е информиран за се?

Понатаму Мицкоски додаде:

На ова не верувам дека Зоран Заев директно ќе одговори исто како што не одговори и на моите директни прашања кои ги поставив на една прес конференција на почетокот на овој скандал, затоа што рибата мириса од главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.