Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ даде поддршка за македонските ракометари кои учествуваат на Европското превенство (ЕП). По две одиграни кола најдобрите македонски ракометари имаат една победа над Украина и пораз од Чешка. За пласман во втората фаза на ЕУРО 2020 во вторник ќе мора да слават над Австрија со најмалку два гола разлика.

Поддршка за македонските ракометари. Нашите срца чукаат за “црвено-жолтите” секогаш и секаде. Пожртвуваноста и мотивот ќе донесат победи на кои заеднички ќе се радуваме. За нашата Македонија!, објави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.