Познати се дел од имињата на оние кои ќе ги фати „метлата“ на претседателот на Владата Зоран Заев.

Верувам дека на почетокот на јуни ќе излезам со комплетна промена, ќе се сменат неколку министри, неколку заменици и директори, ќе бидат оние за кои веќе коментираат граѓаните, јас како мандатар ги согледувам укажувањата на граѓаните, рече денеска премиерот Зоран Заев. Според бројот на министри кои ќе се сменат, смета Заев, ќе се случи реконструкција на владата. Сепак нема да стане збор за толкав број промени за да се гласа нова влада, изјави Заев.

Тој „метлата“ ја најави уште пред три недели и се очекуваше по завршување на претседателските избори да се соопштат имињата на функционерите кои ќе бидат сменети, како и на новоименуваните.

На прашањето како ќе се справи со министрите од ДУИ кои изјавуваат дека тие не одговараат пред него, туку пред Ахмети, Заев рече дека сите се одговорни пред граѓаните.

Заев најави и дека во наредните денови на оваа тема ќе има средби со коалициските партнери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.