Ковид-19 зеде уште една жртва од медицинската фела во земјава.

Како што објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), денеска починал познатиот и почитуван хирург од Штип, Ѓорѓи Денков.

Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите. Ова е 9-та жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата. Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на САРС-КоВ-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни – напишаа од АСМЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.