Премиерот на една маса ги собира сите партнери во Владата за да ги информира за како што вели тој напредокот со Македонија.

„Во однос на РСМ темата е многу важна за целото бугарско општество како и за бугарската позиција. Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог за темата, се согласивме дека за нас најважно е да има целосна согласност за темата, а се потврди и дека ветувањето кое сме го дале целата коалиција дека таа тема задолжително ќе помине преку Народното собрание, а дотогаш ќе оставиме дипломатите во Министерствата за надворешни работи да ја продолжат својата работа, тие и во моментов активно работат и се обидуваат да ги заштитат на најдобар начин бугарските интереси, како и позицијата на целата коалиција“, информираше Лена Бориславова, шеф на кабинет на бугарскиот премиер Кирил Петков.

За време на посетата на Рим на 24-ти мај, Петков го аргументираше своето барање за свикување на Советот за национална безбедност со потребата да се земе предвид напредокот во дијалогот меѓу двете земји во изминатите шест месеци.

„По темата Македонија нема нешто што може да ја промени позицијата на БСП, единствно нешто што може да ја промени позицијата е исполнување на договорот од 2017 година, што во оваа фаза не го гледаме“, рече Георги Свилевски, претседател на БСП.

„Очигледно, се слушаат некои работи или некаде било кажано нешто по однос на Македонија, а кога ќе стигне до премиерот тој паничко го негира тоа. Можеби навистина такво нешто немало, но ние постојано слушаме такви работи“, вели Николај Радулов.

Но не беа сите на ист став. Некои не ја затворија вратата целосно нема позицијата на Бугарија останува непроменета.

„Ако се најде на трите страни меѓу ЕУ, Бугарија и Македонија во ситуација кога ние би ги зачувале гаранциите дека целосно исполнување ќе се случи тогаш тоа треба внимателно да биде разгледано“.
Немам такво чувство дека ЕУ би сакала да биде гарант дека барањата би се исполниле.
-А имате чувство за притисок од ЕУ?
Кон БСП, кон парламентарната група и членовите не, кон коалицијата исто веќе секој треба да одговара индивидуално на тоа прашање“, изјави Христо Иванов од ДБ.

Коалицијата се собра на маса и по барање на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј за преговорите на Македонија со ЕУ да започнат уште во јуни.

„Нема промена во бугарската позиција. Ние се придржуваме кон рамковната позиција, декларацијата на народното Собрание, договорот за добрососедство“, рече Никола Минчев претседател на Собранието.

Претходно бугарскиот претседател Румен Радев рече дека гаранциите од Скопје не се доволни за кревање на ветото. Тој побара како што вели конкретни резултати во однос на правата на Бугарите и говорот на омразата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.