Ноќта за жителите на Пехчево  и регионот беше долга.Гореше целиот регион на Малешевијата, но најзагрозени беа селата Умлена и Робово. Огнената стихија сеуште ги става во опасност мештаните од овие села. 

Александар Мачевски, жител на Робово, утрово информира дека најкритична сеуште е ситуацијата кај Умлена каде во текот на ноќта пожарот се гаснеше интензивно и посочува дека тој е се поблизу.

– Утрово имаше хеликоптер во извидница, очекуваме наскоро да дојдат други хеликоптери и да почне да се гаси огнот. Голем број од мештаните синоќа беа на првата линија, заедно со Армијата и од утрово помагаа. Да се надеваме дека ситуацијата денес ќе биде подобра, изјави Мачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.