Пожар вечерва беснее кај селото Калишта и гори простор обрастен со трска. Ова е втор пожар во период од пет дена во кој гореше трската кај Калишта. Дали станува збор за подметнат пожар треба да утврдат надлежните. Во меѓувреме засегнатите граѓани ги повикуваат екологистите, министерствата и останатите субјекти да го решат проблемот. Во последните години трската кај Калишта често беше спалувана, а информациите кои кружеа во јавноста беа дека трската намерно се пали со цел изградба на плажи и угостителски објекти.
Повеќе фото ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.