Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 62 нови случаи на КОВИД 19, оздравени се 245 пациенти, починале 14 лица, а направени се 2.557 тестирања.

Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.698.

Од новорегистрираните 62 случаја, во Скопје се 33, Гостивар и Струмица по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3, Куманово два и Тетово, Велес, Кочани и Кратово по еден.

Од оздравените пациенти од Скопје се148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.

Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406.

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.