Додека граѓаните веќе неколку дена со ред масовно протестираат пред Владата против францускиот предлот, тој тој вечерва беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи.

Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил, претставувањето на предлогот е со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија.

Како што напиша Османи, консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.