Повторно одмазничко порно во Македонија, коментира извршната директорка на Коалицијата Маргини, активитската за човекови права Ирена Цветковиќ за линчот поради домашно видео кое се споделува и коментира на социјалните мрежи.

Некоја жена од еден град од Македонија од вчера го живее својот пекол зошто некој кретен решил да сподели со јавноста интимни видеа каде таа полнолетна има сексуални односи со исто така полнолетни мажи. Значи, нешто што е сосема нормално и легално сега станува забава за хиени кои ќе го уништат не само нејзиниот, туку и животот на нејзините деца. Јас знам дека покрај хиени и мршојадци овде има и ЛУЃЕ. Луѓето се генерално потивки и послабо организирани од хиените, ама ги има и не се малку.
Ако ја познавате жената кажете и дека има луѓе кои сочувствуваат со неа, луѓе кои не ѝ се ситат како овие подолу и дајте ѝ контакт од мене или која било друга невладина која може да ѝ пружи помош, пишува Цветковиќ.

Таа апелира доколку ги добиете видеата во инбокс, не ги отворајте, избришете ги и пишете им на оние кои ви го пратиле дека не поддржувате линчови кон жени.

Имате две опции: 1) да бидете емпатични и ако не можете да понудите помош тогаш барем да го прекинете синџирот на споделување и 2) да бидете хиена, да барате линкови, да споделувате и да се кезите додека некој умира од страв и срам, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.