Нови 123 случаи на Ковид-19 од направени 2.598 тестирања се регистрирани во полседните 24 часа. Починати се 17 лица од кои најмладиот има 53 години. Оздравени се 3.803 пациенти.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, половина од нив или 64 се во Скопје. Во Битола се регистрирани седум нови случаи, во Куманово 7, во Охрид 5, во Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2. По еден нов случај има во Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица.
Од починатите, тројца се од Куманово (53г, 61г и 82г), по двајца починати има од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Тројца се починати во домашни услови, а 14 во болнички услови.
Регистрирани се 3803 оздравени пациенти.
– Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ, информираат од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.