Во четврток во 9 часот на на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град, соопштија од МНР.

Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот. На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката, соопштуваат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.