Тежината на кризата предизвикана од епидемијата најмногу падна врз грбот на македонските работници, вели Христина Серафимовска од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека веќе е очигледно дека кризата удри врз стопанството.

Во нејзиното видеообраќање до јавноста, Серафимовска додаде дека компаниите се пред предизвикот како да ја надминат состојбата, како да се зачуваат бизнисите, договорите, како да се зачуваат работните места, да се обезбеди плата за работниците која што ќе значи достоинствен живот за сите.

Економската криза се најавува дека ќе биде долга и болна. Македонија која што еднаш мина низ вакво искушение не смее да си дозволи уште еден колапс на економијата. Сега не смееме да дозволиме да затворат фабриките, да се загубат работни места, да запре текот на парите, илјадници луѓе да останат без егзистенција. Не смее на Кавадарци, Пробиштип, Свети Николе, Прилеп, Тетово, Велес, Куманово, Кичево, Охрид, или Скопје, да им се случи повторување на историјата и затворање на погоните. Не смее да се дозволи да сопре времето во Штип, некогашен текстилен гигант, и тој да се врати во времето кога замреа Македонка, Селена, Астибо, а илјадници останаа без работа. Не смее да се дозволи Македонија да се врати во времето кога над 200.000 лица останаа на улица нарекувани „стечајци“. Не смееме да дозволиме епидемијата и кризата да го згасне животот, порача Серафимовска додавајќи дека не е време за поделби, туку време е за солидарност.

Додава дека Македонија има потреба од секој од нас.

Заедно сме поминале кризи, искушенија, историски вонредни состојби. Заедно ќе го минеме и овој предизвик. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била отворена за народот. Сега со акцијата “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА” отворивме посебна електронска пошта за Вас. Испратете ги вашите предлози, идеи, проблеми, заедно ќе ги разгледаме и од нив ќе извлечеме мерки и решенија кои што ќе ги поставиме пред власта. Време е за татковината. Затоа што Ја сакаме Македонија, порача Серафимовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.