Дури 72,1% од граѓаните се незадоволни од начинот на кој Владата се справува со ковид пандемијата, покажува анкетата на Организацијата за граѓански активизам и независност, спроведена од 13 до 17 септември.

Резултатите на прашањето „Дали Владата на Република Македонија правилно се справува со Ковид пандемијата?„ е на репрезенативен примерок од 1156 испитаници на целата територија на Република Македонија спроведена во истиот временски период од истражувањето.

Дали Владата на Република Македонија правилно се справува со Ковид пандемијата?

Да 16.9 %
Не 72.1%
Не знае/ нема одговор 11%

При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.
Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.