Дончо Герасимовски, поранешен директор на ДЗС во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24 вели дека скопските општини не ги коментира многу оти постои посебен Закон за Град Скопје и треба подобро да се анализира. Три скопски општтини имаат негативен прираст, но голем број од популацијата се преселува во Скопје со зголемувањето на бројот на градбите. Герасимовски вели дека тоа е недозволиво во смисла на толкаво проширување на градот во однос на другите населени места. Герасимовски вели дека тоа е проблем што се провлекува уште од земјотресот од 1963 година.

Најнаселена општина е Аеродром и таму живее главно младо население па оттука наталитетот е поголем од морталитетот.

Во поедини општини имаме поголем наталитет во странство отколку во самата општина, а такви се Маврово Ростуше и Центар Жупа, на пример. Природниот прираст веќе со години има негативен тренд и ако не се преземе нешто работите ќе се влошуваат. Потребни се навремени стратегии во функција на развојот на државата и рамномерност според сите карактеристики, вели Герасимовски.

 

Герасимовски вели дека во Италија има иградено населени места во кои живее мнозински македонска популација, односно се случува групирање на наше население во странство. Но, ние како држава немаме податоци за тоа. Тој вели дека нему му пречи тоа што кога овие луѓе доаѓаат тука велат дека доаѓаат на „гости“ и потоа ќе си заминат „дома“. Тој си го поставува прашањето: што е дома за овие луѓе?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.