Следи распишување на внарепартиски непосредни избори на СДСМ, потврди доцна вечерва портпаролката на партијата Богданка Кузеска по завршувањето на состанокот на Централниот одбор, на кој се зборувало на повеќе теми.

Постапката за изборите започнува утре. На изборите ќе се избере претседател, по што и ќе се формираат останатите раководни тела.

Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае седум дена. Ќе можат да се пријави секој кој ги исполнува критериумите на статутот на партијата. Сите членови на СДСМ, кои ги исполнуваат критериумите, согласно статутот на партијата, ќе можат да гласаат на внатрепартиските избори. Можност за гласање ќе имаат сите членови кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката, рече Кузеска.

Заев ќе остане како активен член во партијата и, како што потенцираше Кузеска, ветер во грб на сопартијците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.