Грција ќе ги отвори границите за нашите граѓани на 14 мај, кои ќе треба да приложат сертификат од вакцина или PCR тест не постар од 72 часа. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговрајќи на новинарско прашање по донацијата од Словачка на Клиниката за детски болести во Скопје.

Вчера разговарав со грчкиот министер за туризам Теохарис, кој потврди дека грчката Влада се уште е на ставот, и за тоа во периодот кој следи и официјално ќе не извести дека границите ќе се отворат на 14 мај. И за влез во Грција ќе биде потребен или сертификат од вакцина, по овој терк кој ние го имаме, или кој го издава Србија, или алтернативно PCR тест не постар од 72 часа. И ова важи за сите земји, за некои земји ќе може, не знаат се уште дали и за нашата, ќе може да се влезе и со потврда за негативен брз антигенски тест и за тоа ќе не известат во следниот период, рече Филипче.

Прашан за македонските државјани кои се вакцинираа во Србија против Ковид-19 и имаат примено две дози од вакцината и имаат документи за вакцинација, Филипче рече дека при патување тие граѓани ќе можат да ги користат тие документи што им се издадени во таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.