Тројца позитивни на ковид-19 коишто биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, јавува „Канал 5“ повикувајќи се на болнички извори.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој сè биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

Очекувана е бројката од двесте новозаразени од ковид-19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока, вели епидемиологот Даниловски.

Повеќе на „Канал 5“ .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.