Во Кочани се случуваат сцени како од хорор филм. Голем пожар беснее, а откако запали големи површини, почна да се шири кон куќите.

Пламените јазли проголтаа неколку куќи, а зафатени се и делови од други. Граѓаните во паника, оставени сами на себе. Се борат кој како знае, со се што му е на располагање.

„Курир“ стапил во контакт со граѓани кои прежувуваат голгота. Велат цел ден стравуваат за своите животи и имоти, а помош не добиле од никој од државата. Пожарникарите професионално и неуморно се борат, но ветерот работи како непријател и го шири пожарот на повеќе страни.

Пламените јазици проголтаа неколку куќи, а зафатени се и делови од други. Граѓаните во паника, оставени сами на себе. Се борат кој како знае, со се што му е на располагање.

Многу е лоша ситуацијата, хорор. Сами се организиравме, сами се бориме. Пожарникарите прво почнаа да спасуваат едно село, за да не се прошири пожарот, но ветерот после дувна од кај Пониква и пожарот го смени правецот. Гори од повеќе страни, пожарот ни се доближува, се бориме, но сами сме.

-Многу сме исплашени. Избегавме од дома зошто и внатре почна да ни мириса на чад. Се гушиме, кашлаат сите. Кога излеговме видовме дека се доближува огнот. Извадивме црева, кофи, фрламе вода, правевме некои заштити, но не знам колку сме моќни самите. Слушнавме дека е побарана помош од надлежните, од ЦУК баравме помош, но не ни помогнаа.

-Се бориме секој на свој начин со пламенот. Викавме по соседите сите да излезат да бегаме. Да се спасиме ние, па за куќите Божја работа, да ни се спасат што сме граделе цел живот. Сега се плашиме, еве оди огнот кај другата борова шума, ако ја зафати и неа, ќе гориме од сите страни.

-Пожарникарите гасат со часови, си ја работат работата, ама за да ги наполнат цистерните минуваат долг пат, а за тоа време тука гори. Ќе изгориме ако некој нешто не превземе. Ве молиме сите кои можат да помогнат, дојдете, спасете не!

Ситуацијата е сериозна и се бара помош од сите страни. Пожарникарите со часови се борат да го стават пожарот под контрола.

Пожарот почнал околу 14 часот. Првично снемале струја, а потоа се разгорил поради ветерот кој го разнесува на сите страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.