Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со Валтер Камп, регионален директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал, на која се разговарало за активностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Како што соопштија од МВР, на средбата било разговарано за зајакнување на соработката на МВР со организациите од граѓанскиот сектор, од аспект на постигнување обединетост во напорите и на овие организации и на државните институции, со оглед на фактот дека кога се работи за борбата против организираниот криминал и корупцијата, неопходна е заедничка позиција и соработка.

Спасовски и Камп договориле и воспоставување конструктивна меѓусебна поддршка и во однос на меѓународните и регионалните организации кон кои има пристапено Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.