ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена за предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жестоко да го порази Зоран Заев и СДСМ на парламентарни избори, без разлика дали се предвремени или се редовни. Добро е да имаме предвремени парламентарни избори зошто државата оди во погрешна насока, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.

Потребни се предвремени избори, државата оди во погрешна насока. Потребна ни е кристално чиста победа за да не може да ни се случи постизборен инженеринг.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека работите треба да се гледаат суштински и темелно, дека не треба да се избрзува во одлуките.

Но, потребно е да ги имаме информациите што во јавноста и некогаш и не се кажуваат така што имајќи го предвид сето тоа јас тоа го напишав во мојот пост и пак ќе повторам, а тоа е победа во тежок маратон затоа што таа треба да биде голема победа. Победата не треба да биде победа којашто ќе остави простор за понатамошен постизборен инженеринг, тоа треба да биде победа којашто ќе забетонира една идна власт, реформска власт, власт којашто ќе ја донесе Македонија во подобри времниња, и власт којашто ќе ја одведе Македонија во подобри години, потенрира Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.